„Ако Јокиќ не биде МВП, нема да гледам повеќе НБА!“

Поранешниот српски кошаркарски репрезетнативец, Владимир Штимац, објави на „Твитер“ дека Никола Јокиќ заслужува да биде МВП во НБА-лигата и дека не гледа друг кој може да го земе ова признание.

Кошаркарот на Денвер Нагетс ја игра најдобрата сезона во кариерата и бележи неверојатни бројки. Штимац беше краток, кажа дека ако Јокиќ не ја добие МВП-наградата, повеќе нема да ја гледа оваа лига.

„Ако Јокиќ не биде МВП, не гледам повеќе НБА“, краток беше Штимац.

Просекот на корпулентниот кошаркар оваа сезона е 26,4 поени, 11 скока и 8,8 асистенции по натпревар, со ефикасност 57% во поентирањето од поле. Конкуренција на Јокиќ за МВП наградата се Џејмс, Адетокумбо, Ембид, Дончиќ, Лилард, Кари...

Најнови вести од
НБА, САД