Акција вредна пораз - Нагетси не искористија напад „четири на еден“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија на домашниот дуел од Вашингтон Визардс со 110-112 во Колорадо. Иако одиграа добар меч, во завршницата немаа сили и концентрација, па запишаа нов пораз. 

Нагетси се вратија од негативата, имаа акција за победа, но зачудувачки не ја реализираа. Трагичар на крајот беше Факундо Кампацо, бидејќи во акција „четири на еден“ на секунди до крајот наместо да одат на сигурни продолженија, Денвер ризикуваа и промашија тројка. 

  • Лошата завршница на последната акција: 

Кампацо беше трагичар, а Визардси предводени од Бил и Вестбрук со мала доза на среќа запишаа триумф на тешкото гостување.