Академија ФМП со победа му го предаде дното на Охрид

Битката за опстанок во македонскиот кошаркарски шампионат ќе биде возбудлива до крајот. Академија ФМП пред својата публика го победи ГКК Охрид (75-61) и така избега од последната позиција на табелата.

  • Комплетниот натпревар меѓу Навико ФМП Академија и Охрид:

Сега, на дното се наоѓаат охриѓани кои се повратници во елитното друштво баш оваа сезона. Првиот дел беше изедначен, на паузата резултатот гласеше 37-37, па потоа почна Академија ФМП да ја гради предноста.

На стартот на третиот период, Димитровиќ и Петровски влегоа во серија и донесоа 42-37, а во средината на кварталот, со пет врзани поени на Петровски се дојде и до прва двоцифрена позитива (51-41). Оттогаш домаќинот константно ја држеше предноста и во ниту еден наврат не му дозволи на ривалот да игра.

Димитровиќ со 19 поени и 10 скока беше најдобар кај Академија ФМП, пред Петровски со 16 поени, двоцифрен беше и Иванов со 11 поени. Кај Охрид, Волканоски даде десет, а Стојаноски заврши со десет поени.

Во плејаутот по четири рунди лидер е Кожув со 34 бода, пред Вардар со 32 бода, следи Академија ФМП со 32 бода, а Охрид има 31 бод.