Академија ФМП против новајлијата Ангели се врати на победите

Кошаркарите на Академија ФМП се радуваше на ново славје во Првата македонска кошаркарска лига, на свој паркет против Ангели со 89-70. По поразот од Работнички во минатото коло, „академците“ се вратија на победите во елитата, додека „фенерџијата“ го запиша и осмиот триумф. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Академија ФМП и Ангели:

ФМП отвори добро, веднаш направи предност со која се одлепи пред ривалот, а уште во првата четвртина поведе со огромни +20. Ниту до полувремето Ангели немаа сили за кам-бек во натпреварот, предноста дополнително порасна и изгледаше дека следи дебакл. 

Гостинот одигра солидно во третиот период, кој беше единствен во кој немаа негатива, ама Ангели пријдоа најблизу до -14. Во продолжението Академија ФМП пак успеа да воспостави добра контрола врз темпото, а со неколку осцилации во предноста дојде до петтата победа во лигата. 

Со „дабл-дабл“ се истакна Изаја Мандерсон кај Ангели, уфрлајќи 22 поени и фаќајќи 14 скока. Од друга страна, Крстајиќ кај ФМП беше најдобар со 21 поен на своето конто.