Академија ФМП потона кај израелски Хапоел Галил Елион

Кошаркарите на Академија ФМП забележаа убедлив пораз на гостувањето во Израел и во салата во Кфар Блум заостануваа четириесетина поени зад Хапоел Галил Елион (107-65).

Нашиот претставник во БИБЛ лигата остана без вистинска шанса да се натпреварува против далеку поквалитетниот противник. Екипата од Кисела Вода веќе беше во длабоко заостанување уште на полувремето, кога имаше минус од 31 поени (57-26).Слично се одвиваа настаните во Квар Блум и во продолжението на играта.

Брус Вашингтон со 16 и Итај Мошкович со 15 поени беа најдобри кај Изралците, додека кај Академија ФМП, Били Ајви и Стефан Крстајиќ постигнаа по 15 поени, пред Леонид Тодоровски со 12 поени.

Во следниот круг од натпреварите, за една седмица, поточно на 6 декември, Академија ФМП му гостува на Левски во Софија.