Академија ФМП победник во драматичната мак-пресметка во БИБЛ

Екипата на Академија ФМП се соочи со Куманово во „македонската пресметка“ во рамки на регионалната БИБЛ-лига и забележа значајна победа (59-63) извојувана во финишот.

Дуелот понуди не премногу атрактивна кошарка, барем во првото полувреме, со лош процент за реализација за три, но истовремено имаше доста изедначена игра и двата клуба беа рамноправни.

Прашањето околу победникот во овој БИБЛ-дуел се реши во последната минута. Резултатот на семафорот во Куманово гласеше 59-59, а Лука Стојановски погоди две од четири слободни фрлања, па во последниот напад на кумановчани, Зивчевиќ ја загуби топката, а тоа го казни најдобриот играч Крстајиќ.

Најдобар кај Академија ФМП беше Славчо Темелковски со 14 поени, пред Крстајиќ со 13 поени, додека кај кумановчани Холмс имаше 13 поени, а Ѓукановиќ и Џозеф имаа по 11 постигнати поени.