Академија ФМП ја продлабочи кризата на Еуро Никел

Екипата на Академија ФМП ја потврди победата од претходното коло и овој пат на домашно тло славеше над Еуро Никел (80-65) кој важи за една од екипите со претенденции за висок пласман во нашата елита.

  • Комплетниот натпревар на Академија ФМП и Еуро Никел:

Добриот старт и предноста која се стекна од 25-8 на почетокот го вивна тимот од Кисела Вода кон посакуваната победа. Кавадарчани цело време беа во подредена улога и бркаа негатива, ама ниту еднаш не успеаја да се заканат дека може да ги однесат бодовите од Скопје.

Уште еднаш Ивеј покажа дека ќе биде засилување за Навико Академија ФМП. Дека ќе превземе дел од поените на Крстајиќ, а дека може да се очекува уште повеќе од Лука Стојановски во предната линија. Последниот период беше налик на првиот за Еуро Никел 2005. Имаа само четири поени за седум минути.

Најдобар поентер кај Академија ФМП беше новото засилување Ивеј со 17 поени, пред Стојановски со 16, додека Крстајиќ остана на 13 поени, а кај кавадарчани Калахан даде 22 поени кои на крајот беа недоволни, а поддршка му беше Соколов со 10 поени.

Клупата на Еуро Никел не даде никаков придонес, затоа што четворица играчи кои влегоа како резерви постигнаа само седум поени. Далеку од очекувањата e уводот во новата сезона на кавадарчани (1-3).