Академија ФМП го скрши мразот, победи по девет меча во Првата лига

Екипата на Академија ФМП успеа да ја победи последнопласираната Струмица (94-99) и така освои важни бодови во битката за опстанок во прволигашкото друштво.

Девет меча немаше победа тимот од Кисела Вода, последен пат во лигата победи во месец декември, но ете, Академија ФМП го скрши мразот против Струмица. Се коцкаа гостите од Скопје во финишот кога ривалот од -12 дојде на еден негатива (94-95), но не се дозволи повеќе.

  • Комплетниот натпревар меѓу Струмица и Навико ФМП Академија:

Смит Меквен постигна 27 поени со уште десет скока кај Академија ФМП, а Мариновиќ имаше 20 поени, додека кај струмичани, Сучов даде 23, Обуквелу имаше дабл-дабл од 19 поени и 12 скока, а мотивиран беше и Крстајиќ кој против екс-клубот даде 15 поени.