ФОТО: Академците со апел до граѓаните во битката против вирусот

Дебитантот во Првата македонска кошаркарска лига, Академија ФМП испрати порака до жителите на земјата, во врска со ширењето на коронарисутот.

Играчите на овој тим, се фотографираа со натписи на кои го користат мотото кое беше лансирано за останување во своите домови, како превенција од ширењето на опасниот вирус во Македонија

Клубот на својот официјален Фејсбук профил го објави апелот, а во него удел зеде речиси целиот ростер на ФМП.