Ајзеа Кординие од Анадолу Ефес е МВП на единаесеттото евролигашко коло

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Ајзеа Кординије, беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на единаесеттото коло од Евролигата.

Французинот оствари индекс на корисност од 29 во победата на Ефес над Баерн со 74-72. Турскиот гигант успеа да ја прекине низата од три последователни порази во елитата. 

Кординије постигна 26 поени (7/9 за два, 2/4 тројки, 6/6 слободни фрлања), со уште четири скокови, две асистенции и две украдени топки.

Неговиот тим во моментов има скор од четири победи и дури седум порази по 11 одиграни кола.