Ајверсон: Ве молам немојте пак со тоа, Леброн е далеку зад Џордан!

Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА лигата, Ален Ајверсон, смета дека Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар на сите времиња, и воопшто не треба да се троши енергија за некаква дебата, во која ќе се споредува Мајки со Леброн Џејмс.

„Не треба повеќе да се троши енергија за ваква дебата. Мајкл е најдобриот кошаркар на сите времиња. Ве молам немојте да ми мавкате со некакви статистики, тоа нема да го промени моето мислење, па и на повеќето кошаркарски фанови. Немам ништо против Леброн. Тој е фантастичен играч, родител, човек, но навистина не е можно да се прави споредба меѓу него и Мајки“, рече Ајверсон. 

Легендата на Филаделфија своевремено беше голем ривал на Џордан, но никогаш не успеал да го надигра. Во својата богата кариера, Ајверсон дури 11 поти беше дел од Ол-стар турнирите, а четири пати го доби признанието за најдобар стрелец на НБА лигата.