• Александар Ковачев

Тимот на Макаби Тел Авив за новата сезона гради силен тим и поради тоа своите редови ги засили со американскиот центар Колтон Ајверсон. Изминатата сезона Ајверсон настапуваше во редовите на Пинар Каршијака.
Welcome to our family @colton_iverson. #YallaMaccabi #Yellow pic.twitter.com/T8gqkzApFa
— Maccabi Tel Aviv BC (@MaccabitlvBC) September 9, 2016
Во турскиот тим Ајверсон бележеше просечни 9,9 поени и 4,9 скока по натпревар. 27-годишниот американски центар, својата кариера во Европа ја започна во тимот на Бешикташ во 2013 година, а веќе следната беше дел од Лаборал Куча.
Своите универзитетски почетоци ги имаше во тимот на Минесота, а заврши како член на Колорадо Стејт. Во 2013 година од тимот на Индијана беше одбран како 53. пик на драфтот во втората рунда.