• Зоран Мишевски

Еден од најценетите европски кошаркарски тренери Аитор Гарсија Ренесес Аито и следната сезона ќе го води бундеслигашот Алба од Берлин. 73-годишниот Аито направи полн погодок откако предминатата година замина од Ендеса лигата во Германија и на тимот на Алба му ја донесе титулата во шампионатот 2019/20.
Алба и сезонава ќе игра во Евролигата и потроши значителна сума на пари да ја одбрани титулата против засилениот Баерн, сезонава воден од Тринкиери.
Аито во Шпанија ги водеше Барселона, Хувентуд, Севиља, Уникаха, а во 2008 година беше и селектор на националниот тим.