Агонијата на ТФТ продолжува, Гостивар по продолжение ги „скрши“ скопјани

Кошаркарите на Гостивар со триумф го затворија регуларниот дел од Првата македонска кошаркарска лига, откако на свој паркет го совладаа ТФТ Скопје по продолжение со 115-109. Иако скопјани пружија силен отпор и долго беа во игра, на крајот го запишаа деветтиот пораз, дел во домашната и БИБЛ лигата. 

  • Комплетниот натпревар на Гостивар и ТФТ Скопје: 

Натпреварот тргна со предност на домаќинот, а потоа ТФТ се врати и бргу стекна двоцифрена предност. Сепак, не успеаја да ја задржат, Гостивар намали и по полувремето успеа да поведе со добра серија. Следеше нов пресврт, скопскиот тим повторно успеа да ја врати предноста, го контролираше резултатот, ама попушти во завршните минути.

Во изедначен финиш со повеќе пресврти, дуелот влезе во продолжение. Гостивар беше апсолутно подобар во доигрувањето, наметна темпо и резултатски го контролираше натпреварот. Предноста бргу порасна на +8, а тогаш веќе беше јасно дека победата и бодовите ќе останат во Гостивар. Иако ТФТ намали на четири негатива, немаше сили за подвиг и ново враќање. 

Александар Тодоровиќ и Александар Костовски го предводеа Гостивар со 28, односно 27 поени, а плејмејкерот имаше и десет асистенции за „дабл-дабл“ ефект. Кај ТФТ најдобар беше Тајрон Харис со 26 поени, а подели и осум асистенции.