АЕК се засили од ПАО: Ленгфорд го смени клубот, но не и градот

Грчкиот суперлигаш и поранешен победник на ФИБА Лигата на шампионите, Кејт Ленгфорд го смени клубот, но не и градот. По само една сезона мината во Панатинаикос, Американецот се договори за едногодишна верност со АЕК Атина. „Жолто-црните“, кои пред две сезони ја освијата ФИБА Лигата на шампионите добија големо засилување за истото натпреварување сезонава.

35-годишниот Ленгфорд е вистински глобтротер и во кариерата сменил дваесетина клуба. Во Европа настапуваше за Биела, Олимпија Милано и Виртус во Италија, Химки Москва и Уникс Казан во Русија, Макаби Тел Авив и Макаби Ришон Лезион во Израел и минатата сезона во Грција.

Неговата кариера на другите континенти го донесе во Кина, каде го носеше дресот на Шензен Леопардс и во САД, каде играше за Сан Антонио и во неколку колеџ тимови. 

Тренерот на АЕК Атина, Георгос Хинас го изрази своето задоволство од ангажманот на искусниот Ленгфорд.