АЕК донесе супер-засилување: Маркус Слотер пристигна во Атина

Американскиот кошаркар кој блесна во дресот на Реал Мадрид, Маркус Слотер од денес официјално е нов член на грчкиот АЕК Атина. По една сезона мината во Турција, Слотер се обврза на едногодишен договор со „жолтите“. 

34-годишнииот Слотер со Реал Мадрид стана европски првак во 2015 година, а во својата витрина има и три национални првенства на Шпанија, три Купа на Кралот и три Суперкупа на Шпанија.

Со засилувањата кои ги доведе и со исклучувањето на Олимпијакос од А1 лигата, АЕК сезонава ќе биде главен противкандидат на Панатинаикос за грчката титула.