• Саше Љолес

Репрезентативецот на Грција и член на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо на натпреварот против Торонто Репторс го сруши рекордот на Бакси за играч со најмногу одиграни натпревари за клубот.
Јанис одигра извонреден натпревар без промашување, кој го круниса со победа и откако настапи по 712-ти пат за Милвоки, го мина досегашниот рекордер Јуниор Бриџмен кој има еден настап помалку.
28-годишниот Адетокунбо води во историјата на клубот и по бројот на забележани асистенции (3.332), блокади (901) и поени (16.071) во клупската историја.
Гркот и оваа сезона е предводник на Милвоки во трката за највисок пласман, а плеј-оф серијата допрва почнува и оваа сезона ќе биде навистина занимлива, затоа што многу екипи имаат изнедначен квалитет.