ВИДЕО: Антетокумбо направи разлика против Бостон, Милвоки не го дава врвот на Истокот

Милвоки Бакс победи на првиот натпревар по рестартот, откако полесно од очекуваното го добија дуелот со Бостон (119-112). По којзнае кој пат, грчкиот кошаркар Јанис Антетокумбо блесна и го одведе својот тим прв низ целта за потврдување на доминацијата на Истокот против третопласираниот ривал. 

По фуриозниот старт на Бакси и 15 поени предност по само неколку минути, Селтикси имаа потешкотии да се вратат. Иако најавија дека не се за потценување и стигнаа на -1 на стартот од втората четвртина, Антетокумбо и соиграчите лесно ја вратија двоцифрената предност. 

  • Најдобрите потези на Јанис Антетокумбо:

Во второто полувреме Бостон поведе со по еден поен во три наврати, но тоа не беше доволно да го сопре разиграниот грчки крилен центар. Јанис Антетокумбо играше претпознатливо и одлично во два правци, а тоа направи разлика. Натпреварот го заврши со 36 поени и 15 скокови, а запиша и седум асистенции. Го следеше дуото од Бостон, Смарт и Браун со по 23 и 22 уфрлени поени, додека Мидлтон од Милвоки постигна 18. 

Сан Антонио го доби натпреварот против Сакраменто со 129-120. Спарси уште во првата четвртина направија значаен исчекор кон триумфот со двоцифрена предност, а иако Кингси се обидоа да се вратат, не успеаја во намерата. Сан Антонио имаше „ладна глава“ во финишот и со неколку мини-серии дојде до првата победа во Орландо.

Најефикасен играч беше ДеАрон Фокс од Сакраменто со 39 поени, додека кај Спарси, Де Розан уфрли 27, а Вајт 26 поени.