• Саше Љолес
Првата ѕвезда на грчката репрезентација, Јанис Адетокумбо, предизвика големо внимание во јавноста за време на пријателскиот натпревар против Црна Гора, кој се одигра во пресрет на Европското кошаркарско првенство.
Грчкиот „ѕвер“ во еден момент при тимскиот поздрав силно го удри својот соиграч Јанулис Ларенѕакис, нешто што предизвика голем шок, како кај неговите соиграчи, така и кај публиката во салата.
Why did Giannis Antetokounmpo slap Larentzakis like that
giannispan_/TikTok pic.twitter.com/kuwtbvEMvd
— BasketNews (@BasketNews_com) August 16, 2025
Адетокумбо уште не игра за својот национален тим и ја чека дозволата од својот тим, Милвоки Бакс, кој треба да го реши проблемот со неговото осигурување во случај на потешка повреда на континенталниот собир.
Грција ја совлада Црна Гора со конечни 69-61. Нашиот јужен сосед има закажано уште три контролки пред Европското првенство. Појавувањето на Адетокумбо се очекува на мечот против Летонија, кој ќе се одигра на 20 август.









