Адетокумбо: Јас сум „роден убиец“!

Јанис Адетокумбо беше одличен во победата на Милвоки Бакс против Детроит Пистонс (127-120). Грчкиот центар беше најдобар во меч кога тројца кошаркари дадоа барем 45 поени, а по средбата имаше интересна изјава. 

„Како кажа Мајк Тајсон? Вели дека некои луѓе се „фабрички убијци“, а дека тој е „роден убиец“. И јас сум ист, бев во таква позиција многу пати во животот. 

Влегувајќи во овој меч сфатив дека морам да сум агресивен. Додека го правев тоа не ни одеше и губевме со 15, 18 разлика. Во второто полувреме се запрев, имавме подобар тек на топката. Како лидер мора да одите со таа енергија и менталитет. Понекогаш мора да работите во два правци“, изјави Адетокумбо.

Одредено време Јанис се поврзуваше и со заминување од Милвоки поради неконкурентноста на тимот. Сепак, тој самиот нема јавно кажано дека сака да замине, па веројатно и сезонава ќе игра за Бакси.