Адем Мекиќ се врати во МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ (24 год, 197 см), во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион.

Мекиќ претходно беше дел од „штрковите“ во периодот помеѓу 2014 и 2017 година, кога настапуваше во елитната АБА-лига и во Еврокупот, а потоа одигра две сезони во Куманово и една во Пелистер. Тој за време на престојот во Аеродром се закити со три шампионски титули и два пехари во Купот на Македонија.

Ова е второ засилување за МЗТ ова лето, по ангажманот на Филип Бакоч, а од минатата сезона ќе продолжат Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Бојан Крстевски, заедно со тренерот Ѓорѓи Кочов, кој исто така го обнови договорот.