• Мартин Танасковски
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ во новата сезона ќе има нов клуб затоа што не потпиша продолжување на соработката со хрватски Задар.
28-годишниот Мекиќ две сезони играше за хрватскиот прволигаш со кого беше дел и од АБА-лигата. Во Задар, тој пристигна во 2023 година, а потоа доби продолжување на договорот за сезоната 2023/24.
По крајот на актуелната сезона, за Мекиќ немаше нов договор. Играчот го нема ниту на клупската интернет-страница, каде Задар ги промовира новите играчи, што значи дека ќе бара нов ангажман.
Мекиќ покрај за Задар во кариерата играше и за романски Темишвар, како и за македонските екипи МЗТ Скопје, Пелистер, АВ Охрид, Куманово и Вардар. Зад своето име има пет лигашки титули и три Куп-трофеја во мак-баскетот, двапати беше шампион на Хрватска со Задар, а еднаш го освои и Купот на Хрватска.