ВИДЕО: Адебајо побрз од звукот на сирената, фрустрирачки настап на Дончиќ

Мајами Бам

Центарот Бам Адебајо беше херој на Мајами во големата победа на домашен терен против Бруклин (109-107). Ѕвездата на тимот од Флорида ја презеде одговорноста и погоди со звукот на сирената. Мечот го одбележа и повредата на Кевин Дурант кој излезе од теренот со болки во ногата.

Лос Анџелес Клиперс запиша рутински триумф над Минесота (124-105) и ја продолжи борбата за повисок пласман пред почетокот на плеј-офот. Кошаркарите на Тајрон Лу обезбедија огромна разлика во првите три четвртини, па резервистите добија шанса во финишот и ја комплетираа задачата.

Фрустрирачки пораз оствари Далас на домашен терен против Сакраменто (107-127). Лука Дончиќ беше нервозен и заработи техничка грешка, па на крај залудни беа неговите 37 поени.

Гери Трент јуниор го водеше Торонто против Оклахома Сити (112-106), монструозни бројки запиша Тери Розир во победата на Шарлот против Портланд, а Хјусон за нијанса беше подобар на гостувањето во Орландо (110-114).

Најнови вести од
НБА, САД