Абринес се врати дома: Шпанецот потпиша двегодишен договор со Барса

Светислав Пешиќ во сезоната 2019/20 на располагање ќе има целосно нов стартен тим. Денес, Каталонците го претставија четвртото засилување за новата сезона. Алекс Абринес по три години се врати во дресот на каталонскиот клуб.

Од 2012 до 2016 година репрезентативецот на Шпанија  одигра вкупно 255 натпревари и ја освои Ендеса лигата во 2014 година, Купот на Кралот во 2013 година и Суперкупот на Шпанија во 2015 година.

Абринес доаѓа од Оклахома Сити Тандер, потпиша договор на две сезони со можност соработката да биде продолжена на уште една. Пред медиумите ќе биде претставен на 15 јули во 19:00 часот.

Барса ова лето се засили со Миротиќ, Дејвис и Хигинс, а ги продолжи договорите со Ертел, Клавер и Ханга.