• Саше Љолес

Пред нас е уште едно издание на АБА2 лигата, а и оваа сезона Македонија ќе има три преставници во имињата на МЗТ Скопје, Пелистер и Работнички.
Нашите тимови ги добија своите ривали за групната фаза, а првото коло ќе се одигра во викендите на 24 и 25 септември, односно први и втори октомври. Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје, својата авантура ќе ја започне на домашен терен против екипата на Теодо Тиват, додека Работнички ќе ја пречека Сутјеска од Никшиќ.
Пелистер исто така ќе започне пред своите гледачи во Битола, а прв противник за „зелено-белите“ ќе биде екипата на Широки. Групната фаза е предвидено да финишира на 18 декември, по што ќе бидат познати учесниците во четвртфиналната фаза.
Разигрувањето за титулата и полуфиналните средби се закажани за 8 и 9 април, додека финалната серија треба да започне на 13 или 14 мај следната година.