• Мартин Танасковски
Челниците на регионалната АБА-лига го објави комплетниот распоред за групната фаза од АБА2 лигата за сезоната 2026/27, во која Македонија ќе има три претставници, МЗТ Скопје, Маџари и ТФТ.
Најновиот член на регионалното натпреварување, Маџари, дебитантската сезона ќе ја отвори на 6 октомври со гостување кај Војводина во Нови Сад. Првиот домашен натпревар ќе го одигра на 29 октомври против Морнар, а своите мечеви ќе ги игра во салата „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.
МЗТ Скопје ќе биде домаќин во првото коло и на 30 септември ќе ја пречека српска Слобода Ужице, со што ќе ја отвори новата сезона во АБА2 лигата. ТФТ, пак, премиерниот натпревар ќе го одигра на 14 октомври на домашен терен против Слобода Тузла.
Во второто коло, ТФТ ќе гостува кај словенечки Шенчур на 21 октомври, додека МЗТ Скопје три дена подоцна ќе игра на гостински терен против Сутјеска во Црна Гора.
Комплетниот распоред во АБА-2 лигата можете да го погледнете ОВДЕ.


