АБА-сезоната низ бројки: Мавра единствен репрезент на МЗТ

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје остави зад себе кошмарна сезона во регионалната АБА-лига во која заврши на последното место и само административен пат може да донес настап и наредната сезона.

Токму и лошите игри на „штрковите“ му дадоа само еден репрезент кај статистички најдобрите оваа година. Тоа е Доминик Мавра, хрватскиот плејмејкер кој беше дел од МЗТ, но замина да игра во Литванија.

Хрватот е дел од најддобрите асистенти и е на третото место со 6.25 асистенции во просек по меч. Според индекс-поените, најдобар е Лука Жориќ од Цибона, кој има вкупни 488 поени, или во просек 23.24 по меч.

Исто така Жориќ доминира и кај поентерите со 19,71 поени по меч, или вкупно 414 поени оваа сезона. Лука Божиќ од Задар е најдобар кај скокачите со 7,77 скока по меч, додека Филип Човиќ од ФМП е најдобар асистент со 7,43 асистенции по меч.

Најдобар „крадец“ е Девин Оливер од Олимпија со 1,95 украдени топки по меч, а кај блокерите Урош Луковиќ од Морнар има 2,38 блокади по меч.