• Мартин Танасковски
Кошаркарите на Црвена звезда им приредија нов шок на своите навивачи затоа што загубија од Сплит со 85-78, во рамки на третото коло од регионалната АБА лига.
Тимот на Јанис Сферопулос го претрпе вториот пораз во трите воведни натпревари, додека Сплит ја забележа првата победа против актуелниот шампион. Ова е големо изненадување, ако се земе предвид квалитетот во ростерите на двата тима.
Сплит цел натпревар го мачеше шампионот, а иако Црвена Звезда во третиот квартал го сврти мечот во своја полза благодарение на Јаго кој се разигра, сепак, до крајот повторно проблемите испливаа на површина.
Недовиќ беше најефикасен играч на мечот со 16 поени, го следеа Добриќ и Јаго со по 14 поени, додека кај Сплит, Шортер имаше 17, Шкара уфрли 16, а Џордано и Љубичиќ завршија со по 14 поени.