ВИДЕО: АБА-првакот Будуќност договори дуел со Партизан во Суперкупот

Актуелниот првак во регионалната АБА-лига, екипата на Будуќност, со победа ги отвори настапите во Суперкупот на регионалното натпреварување и со 90-86 славеше над Игокеа, за пласман во наредната фаза.

Избраниците на Џикиќ доста се мачеа на оваа средба, но се радуваат на пласман меѓу четирите најдобри. Дуелот беше тесен до 75-73, по што фаворитот успеа да се одлепи резултатски на 81-73 и да си го трасира патот до посакуваниот триумф. 

Разликата на теренот ја направи Гордиќ со 19 поени, а Ивановиќ и Кларк беа стрелци на по 15 поени. Кај Игокеа, Зубчиќ даде 21 поен, додека Џонсон беше стрелец на 18 поени.

Будуќност во полуфиналето ќе игра со Партизан. Втората полуфинална двојка ќе биде позната по дуелите Цедевита - Задар и Олимпија - Црвена Звезда.