АБА нема да продолжи? Олимпија Цедевита отпушти три ѕвезди

Екипата на Олимпија Цедевита реши да направи рез во составот поради финансискиот удар од пандемијата на коронавирусот и отпушти три кошаркарски ѕвезди.

Во соопштение објавено е дека дел од тимот повеќе не се Мајк Цирбес, Филип Крушлин и Андрија Стипановиќ. Тројцата се отпуштени по заеднички договор со клубот поради пандемијата која владее во светот.

Олимпија Цедевита се бори за плејоф во АБА-лигата, но со овој потег, како да се најавува дека регионалното натпреварување нема да продолжи и дека ќе биде прогласен предвремен крај на сезоната.

Крушлин и Стипановиќ ги одиграа сите 21 натпревари во АБА за љубљанчани, додека Цирбес имаше еден помалку.