• Горан Упале
Регионалното кошаркарско натпреварување АБА од следната сезона ќе се игра во нов формат.
Наводно, челниците на натпреварувањето донеле одлука од следната сезона лигата да се прошири за уште четири екипи. Тоа значи дека во иднина лигашкиот дел од сезоната ќе го сочинуваат дваесет екипи, четири повеќе од претходно. Исто така промени има и во максималниот број на екипи од една држава, сега пола лига може да биде од една лига. Оваа сезона Србија има најмногу учесници, шест, а во иднина може да достигне и до десет екипи.
Дали оваа промена ќе донесе добро за мак-кошарката сè уште не е дефинирано, но тешко веројатно дека Македонија би добила учесник во елитата по очајната сезона на нашите претставници во АБА2 лигата. Ниту една екипа не се пласира во ТОП 8. МЗТ Скопје беше најуспешен со три победи, Пелистер само една, а Работнички ги загуби сите натпревари во групната фаза.
Исто така, српските медиуми шпекулираат дека по примерот на Дубаи место во АБА може да добие и Абу Даби, како и романски Клуж, а дури и неколку руски клубови. Но, големо прашање е колку тоа e реално.