АБА лигата призна голема грешка на судиите на мечот Партизан - Игокеа

АБА лигата излезе со соопштение за натпреварот помеѓу Партизан и Игокеа во седмото коло од регионалното натпреварување. Во истото се наведува дека на тој натпревар имало судиски грешки. 

Натпреварот кој Партизан на крајот го загуби влезе во неизвесна завршница, а сега е најавено дека судиите морале да го казнат Зеко Ледеј за неспортско однесување на 2:20 до крајот на натпреварот. 

„Во седмото коло од АБА лигата, судискиот комитет на АБА лигата констатира грешка на судиите на натпреварот помеѓу Партизан и Игокеа. Судискиот комитет на АБА лигата со соопштение во врска со ситуацијата која се случи на две минути и 20 секунди пред крајот на четвртата четвртина кога судиит направиле грешка која што му наштети на Игокеа. Кошаркарот на Партизан Зак Ледеј требаше да добие неспортска лична грешка согласно кошаркарските правила член 31.1.1 „непотребно силен контакт што играчот го прави со намера на дофат на топката што е кај противникот“, се наведува во соопштението.

На крајот, на мечот одигран во белградската Арена, Игокеа во драматичен финиш победи со 91-89, што беше втор пораз за Партизан сезонава во регионалното натпреварување.