• Саше Љолес
Кошаркарскиот клуб Слован Братислава официјално изрази желба да стане член на АБА лигата од следната сезона. Клубот испрати писмо во кое, под услов да ги исполни сите технички и финансиски критериуми, бара прием во регионалното натпреварување од следната година.
АБА лигата потврди дека писмото од Слован е примено и дека конечната одлука ќе зависи од Собранието на лигата, кое ќе ја одреди структурата, бројот на учесници и системот на натпреварување за следната сезона.
Доколку Слован биде прифатен, тоа би било прво учество на словачки клуб во историјата на АБА лигата, што би претставувало значаен чекор за развојот на кошарката во земјата.
Клубот моментално има позитивна сезона во словачката кошаркарска лига, а располага и со солиден буџет кој може да биде клучен фактор за создавање конкурентен тим во јадранското натпреварување.




