АБА лигата не дозволи проширување, следната сезона без мак-клубови на Јадранот

Македонската кошарка од следната сезона нема да има претставник во АБА лигата, откако денес на состанокот на клубовите во Белград беше одлучено да не бидат доделени вајлд-карти, кои ги очекуваше македонскиот гигант, МЗТ Скопје. Така, еден од најтрофејните клубови во нашата земја може да аплицираат само за АБА2 лигата. 

Нема да дојде до толку очекуваното проширување на АБА лигата, па во иднина нашите клубови нема да можат да играат против Црвена звезда, Партизан, Цедевита, ЦибонаБудуќност..

МЗТ Скопје испадна од АБА лигата оваа сезона, заземајќи го последното место на табелата во натпреварувањето кое траеше седум месеци. Оваа одлука е голем удар за македонската клупска кошарка и со тоа веројатно се менуваат плановите и стратегијата на македонските клубови за следната сезона.