АБА-лигата добива нов гигант: Олимпијакос бара излез на Јадранот

Грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос бара да стане дел од регионалната кошаркарска АБА-лига.

Некогашниот европски првак најави дека ќе отстапи од грчкиот шампионат поради кавга со Панатинаикос, а спас ќе бара во регионалното натпреварување. Тимот од Пиреја беше гневен на судењето во дербито, по што го напушти паркетот и службено го загуби мечот.

Информацијата дека Олимпијакос побарал излез на Јадранот, ја потврди Крешимир Новосел, директорот на АБА.

„Олимпијакос веќе контактираше со нас во врска со учеството во ова натпреварување“, изјави Новосел.

Досега, тим од Грција нема учествувано во АБА-лигата. Тоа би било прв пат нашиот јужен сосед да има претставник во натпреварувањето. Македонија води борба за еден тим во регионалната лига, преку МЗТ Скопје, кој моментално е дел од АБА-2.