АБА-лигашите утре на состанок, МЗТ Скопје будно чека на одлука

Јадранската АБА лига во сите нејзини конкуренции беа суспендирани на неопределено време, па одлука за разврската на сезоната сè уште се очекува. Според пишувањето на „Спортски журнал“ од Србија, утре ќе биде одржан видео состанок на кој ќе се одлучува што понатаму оваа сезона. 

МЗТ Скопје будно ја очекува истата, бидејќи втора година по ред требаше да игра плеј-оф за пласман во елитното друштво. Така, нашиот претставник при проширување на лигата би можел да добие покана за настап во првата АБА лига, но доколку во предвид се земе реномето.

Сепак, МЗТ Скопје не успеа да ја задржи втората позиција на табелата по регуларниот дел и падна трет зад Сплит, кој би можел да добие повик и место во АБА лигата. Останатите сценарија би можеле да бидат посигурна опција, бидејќи „штрковите“ ќе имаат шанса на теренот да си обезбедат пласман. 

Челниците на лигата чекаат одлука од Евролигата, како пример за како би требало да постапат. Главниот проблем не е генералниот пласман и титулата, колку што е пласманот во евро-куповите, како и релегацијата, а во случајот на МЗТ Скопје и промоција од втора во прва лига.