• Мартин Танасковски
Македонија ќе има најмалку два репрезенти во регионалната АБА-2 лига во името на МЗТ Скопје и Пелистер, а се чека дали ќе бидат три и дали Работнички ќе ја подмири сумата за да ја добие „вајлд-картата“.
Центарци добија покана да играат во АБА-2, но ќе треба да платат одредена сума на пари. Новата сезона ќе се игра во нов формат. Исто како и во АБА-лигата, така и во АБА-2 во новата сезона ќе има 16 екипи, ама по четири години нема да се играат „балони“, туку ќе се играат мечеви дома и гости.
По четири екипи ќе се поделат во четири групи (А, Б, Ц и Д). Составот на групите уште не е утврден, а пред ждрепката екипите ќе бидат во четири шешири.
Прв шешир: МЗТ, Подгорица, Војводина, Златибор
Втор шешир: Борац, Хелиос, Сутјеска, Широки
Трет шешир: Цедевита Ј., Динамо Загреб, Илирија, Пелистер
Четврти шешир: Босна, Теодо, Работнички, Вршац
По првата групна фаза во која ќе се игра во системот дома-гости, по два тима од секоја група одат понатаму во ТОП-8, каде се формираат две групи - Е и Ф. По два тима од овие групи одат во полуфинале во кое се игра до две победи, а исто е и со финалето.