500 милиони причини: НБА започнува порано од предвиденото?

НБА

Најавите од Соединетите Американски Држави околу стартот на новата НБА сезона се менуваат од ден на ден.

Се споменуваат неколку датуми како опција за челниците на лигата. Меѓу нив отскокна 18 јануари, денот на Мартин Лутер Кинг, но тој претставува проблем поради Олимписките игри, кои ќе се одржат наредното лето.

Доколку на тој ден започнат натпреварите, НБА ѕвездите нема да имаат можност да настапат на турнирот во Токио. Поради тоа, како и разликата во приход од 500 милиони долари, комесарот Адам Силвер даде предлог сезоната да започна порано од предвиденото.

Според него најдобро би било да се започне на 22 декември. Овој предлог веќе е доставен на газдите на екипите и ќе се разгледува во наредниот период.

Исто така Силвер ќе мора да постигне согласност и со Асоцијацијата на играчите со која има закажан состанок на 30 октомври.