ВИДЕО: 50-ти „дабл-дабл“ за Јокиќ оваа сезона, пораз на Далас од Никси

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја запишаа 36. победа во НБА лигата, откако беа подобри од Хјустон Рокетс со 99-128. Никола Јокиќ одигра нова симултанка во „Тексас“, со својот 50-ти „дабл-дабл“ сезонава го предводеше тимот од Колорадо до славје. Србинот постигна 29 поени, ги надополни со 16 скокови и седум пати ги проигруваше соиграчите, додека зад него кај поентерите беше Олиник од Хјустон со 23 поени, а Портер и Тејт имаа по 21. Центарот на Денвер сигурно чекори меѓу најдобрите, со неверојатните партии Јокиќ се етаблира во еден од фаворитите за освојување на МВП наградата за регуларниот дел од сезоната.

Далас Маверикс немаа решение за расположениот Џулиус Рендал кој со 44 поени и десет скокови, на кои надоврза седум асистенции го водеше Њујорк Никс до длсвје во „Американ Еирлајнс Центар“ во Тексас (109-117). Никси беа подобри во моментите кога се кршеше резултатот, го надиграа ривалот и ја запишаа петтата победа во низа. Иако Дончиќ и Порзингис запишаа по „дабл-дабл“, не успеаја да го загрозат ривалот кој слави во Далас. 

На останатите терени Филаделфија ја сопре серијата од седум победи на Клиперси (106-103), Детроит ја доби Оклахома (110-104), Вашингтон по продолжение слави со Пеликанс (117-115), Бруклин лесно се справи со Шарлот (130-115), Торонто дома триумфира со Орландо (113-102), Минесота беше подобра од Мајами (119-111), додека гостински славја запишаа Мемфис кај Чикаго (115-126) и Портланд против Сан Антонио (106-107). 

Најнови вести од
НБА, САД