3.000 стриптизерки им правеа забава на играчите и фановите на „Ол-стар“ викендот

Ол Стар

Изминатиот викенд во Чикаго донесе кошаркарски спектакл на кој учествуваа најдобрите кошаркарски имиња на денешницата. На крај победата ја однесе екипата предводена од Леброн Џејмс која беше поуспешна од тимот на Јанис Антатокумбо.

>> ВИДЕО: Дејвис донесе победа за „Тимот на Леброн“, Ленард МВП на спектаклот во Чикаго

Градот на северниот дел од САД беше во центарот на вниманието во последните неколку дена. Голем број на фанови пристигнаа во „Јунајтед Центарот“ за да бидат дел од спектаклот.

Оваа пауза од НБА сезоната ја искористија и стриптизерките кои во огромен број се појавија во Илиноис. Според пишувањата на „ТМЗ“, во Чикаго „на печалба“ беа присутни 3.000 профасионални танчерки.

Тие се погрижија за забава на навивачите, но и кошаркарите, кои ја искористија оваа прилика за да заборават на кошаркарската игра барем на момент.

Девојките немале лесна работа да влезат во клубовите, а од некои се барало да плаќаат 300 до 500 долари само за да имаат можност за настап. Кошаркарските дресови биле најчест избор на „опрема“ на стриптизерките.