Primary tabs

  • Gol.mk на ЕП: Маичка, дуксер, јакна, чадор и очила за сонце во секое време!

    Кога планираш првенство од триесеттина дена тогаш веројатно куферот мора да биде полн со секаков вид на облека. Поучен од искуството пред осум години во Париз, морав да ја следам деталната временска прогноза во Германија. Од Минхен, градовите во Рурската област, па Хамбург и Берлин јуни не е секогаш јуни и некогаш времеето радикално се менува во текот на ист ден. 

  • Gol.mk на ЕП: Победата во Португалија ги излажа Србите дека се блиску до светскиот врв!

    Бурата која ја зафати фудбалска Србија по (не)очекуваното испаѓање во групната фаза на Европското првенство во Германија трае со денови. Се бара смена на селекторот, бидејќи тој од сите е означен како главен виновник што Србија не се бори за големи цели, туку се враќа дома со еден постигнат гол, втор најлош напад и без победа. Но, дали навистина е така?

  • Gol.mk на ЕП: Германија (скоро) никогаш не губи во Дортмунд

    Кога го планираа Европското првенство, Германците ја распоредија својата селекција низ целата земја. Од дебито во Минхен, преку Штутгарт и Франкфурт во групната фаза, Дортмунд во осминафиналето, Хамбург во четвртфиналето, пак „Алијанц Арена“ во полуфиналето и „Олимпискиот стадион“ во Берлин во финалето. Тоа е планот на бундес-тимот, кој низ историјата никогаш не играл на едно место, како Англија на „Вембли“ и Шкотска на „Хемпдон парк“.

  • Gol.mk на ЕП: Англичаните уште не го знаат рецептот за успех!

    Деновиве разговарав со неколку новинари од Англија, кои го следат националниот тим и одблиску ги знаат тајните на соблекувалната на Саутгејт. Скоро сите немаат технички причини за бледите издание, туку повеќе карактеријални и ментални лимити. Со фразата „уште не го знаеме рецептот за успех“ кажано е што требаше да се каже.

  • Gol.mk на ЕП: Германските цени нормални, УЕФА продуктите двојно поскапи!

    Една од најозборуваните теми на Европското првенство се цените во Германија, цените на официјалните продукти, на пивото и храната, на забавата... Првиот впечаток е дека ништо не се променило, дека Германците живеат најнорамално за време на шампионатот, исто како и претходно. Промената е главно околу продуктите на УЕФА, кои се со нешто повисоки цени од вообичаените.

  • Gol.mk на ЕП: Последниот танц на хрватските сенатори или горда реакција за осминафинале?

    На првите два натпревари хрватската репрезентација разочара и освои само еден бод од можните шест. Но, поправен испит има вечерва во Лајпциг против Италија. Толку критикуваната селекција на Далиќ е пред раскрсница или можеби последна шанса на генерацијата. На последните две големи натпреварувања Хрватска исто така беше пред елиминација во групната фаза, но ремизираше со Белгија и подоцна стигна до полуфиналето на Светското првенство во Катар. Слично беше и на последното Европско првенство, каде победата во Глазгов против Чешка им ја отвори вратата на „коцкестите“ до осминафиналето, во кое подоцна загуби од Шпанија (5-3).

  • Gol.mk на ЕП: Шпанија и Де ла Фуенте меѓу изненадување и фаворит за титула

    Луис де ла Фуенте помалку неочекувано дојде до местото селектор на најдобрата шпанска репрезентација, по фијаското на Луис Енрике на Светското првенство во Катар. Една од најзбрканите селекции во последните неколку години започна со среќна победа на Лигата на нации во Холандија и комплетен рез за квалификациите и Европското првенство.

  • Gol.mk на ЕП: Зошто најгрдиот германски дрес е најпродаваниот?

    Ако посетите било која продавница на официјалниот производител на дресови во Германија можете да ги најдете сите дресови на сите селекции учесници на Европското првенство. Исклучок е само еден дрес!

  • Gol.mk на ЕП: Го чуваат ли уште „компасот“ балканските селекции?

    Секоја чест на Романија и Турција, нивните први настапи и победи, но поранешните југословенски селекции, учесници на Европското првенство, уште ја чекаат првата радост. Иако Словенија има два бода, виси за пласман во осминафиналето, а само една опција (само победа) имаат пред себе Хрватска и Србија.

  • Gol.mk на ЕП: Пивниците на Гроскројц, „Жолтиот ѕид“, култот на „Вестфален“...

    Ако постои перфектен фудбалски град во Европа тоа е сигурно Дортмунд. Култен клуб и стадион, навивачи за пример, историја и иднина на која се гледа со гордост и уште многу позитивни детали.

  • Gol.mk на ЕП: Грузија како Македонија – емоцијата од првиот настап, па квалитетот на дело!

    Грузија го имаше истиот пат до Европското првенство како и Македонија. Преку Лигата на нации ја елиминира Грција и се најде на завршниот турнир првпат во историјата. Селекторот со подолг стаж во Грузија, Вили Сањол, ги оправда очекувањата а генерацијата созреа за големи дела. Вчера во Дортмунд, Грузија се надигруваше со Турција и загуби со 3-1, што сигурно е поубедлив пораз од она што го видов на теренот.

  • Gol.mk на ЕП: Зошто вистинското Европско првенство почнува на 29 јуни?

    Европско првенство со 24 репрезентации е благодет за номинално помалите репрезентации, како македонската. Сепак, од гледна точка на квалитет и квантитет нуди поинаква поширока слика од гледна точка на големите репрезентации. Претходно со првенство со 16 селекции само две од четири репрезентации од групите играа во осминафинале и секој натпревар беше многу важен. Дури и имаше случаи селекција со пет бода да не се пласира во осминафинеле. Сега, со „виза“ за осминафинале за четири од шест третопласирани репрезентации може да се продолжи понатаму со три бода, а по некои опции дури и со два!

  • Gol.mk на ЕП: Можеа ли Тадиќ и Мбапе да премолчат за колективното добро?

    Србите како да не можат без скандали и полемики на големите турнири. Поразот од Англија не е нешто неочекувано, но изјавата на капитенот Душан Тадиќ по натпреварот крена голема „прашина“. Легитимно е секој фудбалер да бара простор за игра, но кога работите ќе станат јавни, постои голема шанса за раздор, дополнителни полемики, коментари...

  • Gol.mk на ЕП: Албанската страст за фудбалот на дело, Дортмунд не памети ваква инвазија!

    Веќе два дена Европското првенство е главна преокупација на жителите на континент и радува што веќе се наговестува ефикасно првенство, со многу голови, со убави потези, со забава за гледачите. Досега постигнати се 16 гола на четири натпревари, што е над сите очекувања.

  • Gol.mk на ЕП: Вечерa во Минхен, доручек во Келн, па ручек во Дортмунд...

    За сите кои сакаат добар фудбал, а не навиваат премногу за едните или другите, воведниот натпревар на Европското првенство беше вистинско уживање. Моќно издание на Германија, пет постигнати гола, прекрасни потези и мајстории и овации од присутните на „Алијанц Арена“. Но, и Шкотланѓаните покажаа достоинство во поразот, пееја и навиваа како ништо да не се случило. Можеби свесно знаат дека нивните шанси се Унгарија и Швајцарија, а не Германија. Да се биде во живо во домот на големиот Баерн, со спектакуларна церемонија, емоционално пеење на химните од двете навивачки групи, па до шесте гола за сечиј вкус, беше неповторливо чувство.

  • Gol.mk на ЕП: Шкотите на пиво, Србите на Брена, а Албанците со инвазија на Дортмунд!

    Европското првенство ја доживува вистинската димензија. 100.000 Шкотланѓани го „окупираа“ Минхен. Нема никаков проблем, само многу песна, колорит и пиво и загревање за големиот натпревар. Така и треба да биде кога игра твојата селекција, посебно по вака успешен циклус квалификации. Немаат сите билети, но не им е многу грижа, ја имаат фан-зоната, каде е исто така убаво и забавно. На истото тоа место пред неколку дена пееше Ед Ширан, а наскоро ќе се појави култната AC/DC.

  • Gol.mk на ЕП: Скокнаа температурите, засвири шкотската гајда – првенството може да почне!

    Прво и најважно е што температурите во Германија одат нагоре, па наскоро ќе ги оставиме јакните и ќе уживаме во летото. Затоа што Европско првенство и лето одат заедно, а не одвоено. Деновиве во Минхен температурата падна и до 10-12 степени, па не беше пријатно за  туристите и навивачите, а посебно на оние десетици илјади кои синоќа го следеа концертот на Ед Ширан и Нели Фуртадо во фан-зоната.

  • Gol.mk на ЕП: Минхен „мириса на пари“, а по малку и на фудбал!

    Минхен е мојата прва станица и веднаш е забележлива разлика од секој друг германски град. Срцето на Баварија е и синоним на моќта на Германија. Минхен едноставно „мириса на пари“, а полека почнува да се чувствува и мирисот на фудбалот.