• Зоран Мишевски

Се сеќавате како беше критикуван турскиот селектор Винченцо Монтела, кога на вториот натпревар од групата целосно го измени тимот и ги остави Арда Ѓулер и Кенан Јилдиз на клупата за дуелот со Португалија. Двајцата беа одлични во првиот натпреварот против Грузија и победата од 3-1. Сепак, Италијанецот како свесно да го жртвуваше натпреварот против Португалија, за да го има најсилниот тим за Чешка и третиот натпревар во групата.
Турција ја совлада Чешка и ја оствари првичната цел – пласманот во осминафиналето. Јасно беше дека секој позитивен резултат понатаму е само бонус, посебно што во осминафиналето Турција играше без Хакан Чахланоглу против Австрија. Сепак, пронајде начин да извојува победа од 2-1 и да закаже четвртфинале со Холандија.
Турција го има најмладиот ростер на Европското првенство (заедно со Украина) и скоро ниту еден репрезентативец не играл на големи натпреварувања. Затоа можеби беше ризичен, но се исплатеше потегот на Монтела да ги заштити и да ги поштеди младите ѕвезди од постојано играње и огромниот притисок во земјата. Исто така го дозираше и Демирал, кој игра во Саудиска Арабија, нема ритам на натпревари и не играше на првите два натпревари од првата минута.
Сега, за четвртфиналето Монтела ги има клучните фудбалери Хакан Чахланоглу, Арда Ѓулер, Мерих Демирал и Кенан Јилман со еден натпревар помалку од останатите. Таков луксуз Роналд Куман не можеше да си дозволи со ниту еден свој фудбалер. Ако има одредена предност пред четвртфиналето в недела во Берлин, турскиот тим, тоа сигурно е свежината на клучните фудбалери. Ризично, но стратешки добро одбработено од Винценчо Монтела.