Gol.mk на ЕП: Шпанците никогаш не губат финале!

Gol.mk на EURO 2024

Ако ги анализираме овие две и пол децении во новиот милениум, шпанскиот клупски и репрезентативен фудбал е неприкосновен. Ако клупскиот секогаш бил доминантен, репрезентативниот се издигна и со две европски и една светска титула започна нова ера на успеси. Во последните пет години клубовите од Примера се во голем пад, имаат финансиски проблеми и лигата не е тоа што беше. Ако се исклучи Реал Мадрид, другите клубови имаа неспоредливо полош период за разлика од пред една деценија.

Сепак, има еден податок кој импресионира. Шпанските екипи не загубиле европско финале со децении. Исклучок се шпанските финалиња (натпревари со две шпански екипи во финалето(, а ги имаше неколку во Лигата на шампионите и Лига Европа од 2000 година до денес. Реал, Барса, Атлетико, Севиља, па и Виљареал секогаш кога играле финален натпревари излегле како победник. Дури има и неколку натпревари во кои беа инфериорни од своите ривали, но наоѓаат начин да стигнат до целта. Репрезентацијата на Шпанија исто така ги доби сите четири финалиња во кои играше во новиот милениум. Двапати се радуваше во финале на Европско првенство, еднаш во мундијалско финале и еднаш во дуел за трофејот на Лигата на нации. Шпанската репрезентација во минатиот век беше окарактеризирана како губитничка селекција. Во новиот милениум Барса е „кичмата“ на репрезентацијата, но има нешто и од менталитетот и познатата ДНК на Реал Мадрид.

Овие статистички податоци се поразителни за Англичаните пред неделното финале. Сепак, ако сакаат да пронајдат податок со кој ќе билдаат оптимизам, тоа е финалето за фудбалерите до 21 година минатата година во Романија и Грузија. Англичаните извојуваа победа од 1-0 и го освоија турнирот без примен гол. Од тие ростери во неделното финале пријавени ќе бидат Алекс Баена, Кол Палмер и Ентони Гордон.

Затоа внимавајте за кој ќе се обложите и против која селекција ќе типувате пред неделното финале. Не е исклучена и борба од повеќе од деведесет минути. Иако низ историјата имале многу проблеми со изведување на пенали, Англичаните сега имаат многу специјалисти при пеналите и тоа можеше да се види во четвртфиналето со Швајцарија.