Gol.mk на ЕП: Првенство на многу супер-голови и две големи судиски грешки!

Gol.mk на EURO 2024

Поделени се мислењата за квалитетот и забавата која ја понудија педесетте натпревари во досегашниот тек на Европското првенство. Јас би го поделил турнирот во неколку делови. Првите две кола од групниот сегмент беа допадливи, па следеше калкулантско трето коло, со многу натпревари со мал број или без голови. И осминафиналето и дел од четвртфиналето останаа должни кај фудбалските љубители, за полуфиналните натпревари пак да бидат на висина на задачата. Очекуваме убаво, гледливо и со голови да биде и финалето во Берлин.

Ова првенство ќе се памети по преку петнаесет голови постигнати надвор од шеснаесетникот, некои супер-голови. На памет веднаш паѓаат индивидуалните мајстории на Арда Ѓулер, Симонс, Ламал, Барела, Шаќири, Мусиала, Закањи, Варгас, „ножичките“ на Белингем, „златниот“ гол на Мерино и уште многу, многу други. Не беше постигнал ниту еден гол од слободен удар, бидејќи денес не може да го изненадите голманот и одбранбениот дел од екипата како некогаш.

Ова е првенство беа изразит најдобар фудбалер, со многу малку фантазија и креативност меѓу играчите. Скоро и да нема дриблинзи кои се паметат, гол со „слалом“ низ противничката одбрана и слично. Впрочем, денес ако дриблингот не е во брзина и кон напред, не носи голем прогрес на екипата. Дриблинг во место веќе е штетен, а не корисен за својата екипа.

Ова првенство ќе остане запаметено по случаите Кукуреља и Кејн. Зошто на германскиот тим не му беше досуден пенал во продолжението од четвртфиналето со Шпанија и од кои причини е покажана најстрога казна за Англија во полуфиналето против Холандија се дилеми кои ниту УЕФА не може да ги објасни. ВАР-технологијата, чипот и сензорот во топката се и тоа како од помош, но човечкиот фактор уште греши, е неодлучен и така ќе остане и во иднина. Впрочем фудбалот не е перфектна игра и грешки од сите актери имало и ќе има.