• Зоран Мишевски

Кога планираш првенство од триесеттина дена тогаш веројатно куферот мора да биде полн со секаков вид на облека. Поучен од искуството пред осум години во Париз, морав да ја следам деталната временска прогноза во Германија. Од Минхен, градовите во Рурската област, па Хамбург и Берлин јуни не е секогаш јуни и некогаш времеето радикално се менува во текот на ист ден.
Првите две недели од Европското првенство минаа во постојани временски промени. Од само 12 степени во Минхен на ден пред отворањето, до 31 степен во Дортмунд пред неколку дена. Дури и најчесто во еден ваков ден температурните промени се толку големи што мора во ист момент да понесете облека за пролет, лето, есен...
Така често на стадион одев со маичка, дуксер, јакна, чадор и очила за сонце. Па, како ќе се отвори небото, така и човек ќе се облече. Но, еве на крајот на јуни доаѓа прекрасно време и температури меѓу 25-30 степени, кои се најпријатни и за фудбалерите и за гледачите. Напомена дека 30 степени во Македонија и во Германија не е иста температура заради различната клима и различните временски зони. Изгледа како пет степени пониска температурата тука во Германија.
Прекрасно е кога убавото време отвора простор за забава на улица до доцна во вечерта, бидејќи ноќта целосно паѓа по 22:30 часот.
- Најавата на натпреварот Германија - Данска во Дортмунд:
Доаѓа јули и време е чадорите да се складираат за есенските месеци на Бундеслигата и најдобрите натпревари на Европското првенство да се играат во идеални временски услови. Со тоа уште повеќе ќе уживаат многубројните фанови од целиот свет.