Gol.mk на ЕП: Кој ќе го суди неделното финале? УЕФА има едно сигурнo решение

Gol.mk на EURO 2024

Судискиот критериум не беше главна тема на ова Европско првенство, но на два натпревари на домашната репрезентација се крена голема „прашина“. Случувањата на осминафиналето Германија – Данска и посебно на четвртфиналето Германија – Шпанија и натаму се коментираат.

Со самиот податок што Ентони Тејлор се врати дома, а нема конкретно оправдување за две негови одлуки на четвртфиналето во Штутгарт, тогаш извесно е дека УЕФА признава доза на вина и на погрешни одлуки. Недостатокот на дисциплински мерки за Тони Крос на почетокот од натпреварот Германија – Шпанија и непокажаниот пенал за Германија заради играта со рака на Кукуреља се одлуки кои одат на душа на Англичанецот. Секој изговор дека прекршоците на Крос се на почетокот на натпреварот и дека на играта со рака на Кукуреља му претходел офсајд или игра со рака на Фулкруг се алиби и обид да се заштити судијата.

Кој ќе го суди неделното финале во Берлин? Ниту во судиската организација не го знаат одговорот и веројатно имаат само една сигурна опција – Даниеле Орсато. Резервната е Клемен Турпан од Франција, но само ако Французите не играат во натпреварот за титула. Опција е и Марчињак, кој го судеше мундијалското финале во Катар. 

Досега арбитражата на шампионатот беше нешто подобра од квалитетот на фудбалот. Треба детално да се анализира критериумот и интерпретацијата на играта со рака, која останува најголема дилема на денешните судии.