Gol.mk на ЕП: Како со саксофон ја освои цела Германија и стана навивачки водач!

Gol.mk на EURO 2024

Натпреварот за најдобрите навивачи на Европското првенство е во тек и е уште понеизвесен во споредба со борбата на фудбалскиот терен. Холанѓаните и Шкотите оставаат неверојатно позитивен впечаток, многубројни се Англичаните, прекрасно навиваа Словенците, секојдневно доаѓаат од соседните земји: Швајцарија, Франција, Белгија, Австрија...

Сепак, еден нов детаљ во Германија привлече големо внимание. Неговото име е Андре Шнура и тој е новиот водач на навивачите на германската репрезентација. Не е тоа водач во вистинска смисла на зборот, кој ја повлекува масата со скандирање, песна и транспаренти. Неговиот адут е саксофонот. Овој млад Германец доаѓа на секој натпревар на германската репрезентација и преку целиот ден ја собира цела навивачка пасија и сите се одушевуваат на неговиот стил и саксофон.

Андре секогаш го носи ретро-дресот на германската репрезентација со број девет и името на легендарниот Руди Фелер. Сите германски и светски хитови ги свири на саксофон, по што настанува вистински хаос од задоволство меѓу фановите. Тука во Дортмунд илјадници луѓе во саботата чекаа да го видат низ улиците, во фан-зоната и околу стадионот. За само неколку недели Шнура го зголеми бројот на следбеници на Инстаграм од 10.000 на 580.000 и популарноста расте. Го знаат сите германски репрезентативци и најчесто слават со неговите дела.

До пред неколку недели Андре Шнура беше вообичаен декор на германските свадби или забави, а денес не може да се замисли натпревар на Германија без неговиот саксофон. Веќе планира концерти и гостувања во германските ТВ-шоу.

Навивачкиот натпревар продолжува. Преостануваат уште малку натпревари и секој може да биде одлучувачки. Само четири навивачки караванои ќе останат и следната недела во Германија да го ловат трофејот за шампион на Европа.