Primary tabs

  • Васоски: Куња е одличен избор на Анчелоти, а Роналдо добро да размисли што прави!

    Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико е скоро на половина од второто коло во групната фаза, а ние продолжуваме со нашите колумни и предвидувања на македонските фудбалски легенди. 

  • Васоски: Бразил ме изненади негативно, Турција мора подобро или оди дома!

    Светското првенство (СП) во фудбал е глобален настан кој се прати со големо внимание. Групната фаза скоро и да го мина првото коло, а анализа за одиграното за Gol.mk направи нашата фудбалска легенда, моментален тренер на Силекс и Куп-освојувач и човек кој остави голема трага во Бундеслигата, Александар Васоски.

  • Gol.mk на ЕП: Како најздодевната репрезентација стана прогресивен модел

    Шпанија супер-заслужено е европски првак, менувајќи ја тенденцијата и следејќи ги трендовите кои денес се играат ширум светот. Се прашувате како најздодевната репрезентација во краток период стана најпрогресивна и шампионска. Шпанија на Лопетеги и Јеро на Мундијалот во Русија испадна во осминафиналето од Русија по пенали, откако 120 минути не постигна гол. Се врати Луис Енрике на кормилото четири години подоцна и пак Шпанија испадна од инфериорна селекција, во споредба со себе. Мароко по изведување на пенали беше подобра од „фуријата“, откако пак Шпанија 120 минути не даде гол.

  • Gol.mk на ЕП: Првенство на многу супер-голови и две големи судиски грешки!

    Поделени се мислењата за квалитетот и забавата која ја понудија педесетте натпревари во досегашниот тек на Европското првенство. Јас би го поделил турнирот во неколку делови. Првите две кола од групниот сегмент беа допадливи, па следеше калкулантско трето коло, со многу натпревари со мал број или без голови. И осминафиналето и дел од четвртфиналето останаа должни кај фудбалските љубители, за полуфиналните натпревари пак да бидат на висина на задачата. Очекуваме убаво, гледливо и со голови да биде и финалето во Берлин.

  • Gol.mk на ЕП: Шпанците никогаш не губат финале!

    Ако ги анализираме овие две и пол децении во новиот милениум, шпанскиот клупски и репрезентативен фудбал е неприкосновен. Ако клупскиот секогаш бил доминантен, репрезентативниот се издигна и со две европски и една светска титула започна нова ера на успеси. Во последните пет години клубовите од Примера се во голем пад, имаат финансиски проблеми и лигата не е тоа што беше. Ако се исклучи Реал Мадрид, другите клубови имаа неспоредливо полош период за разлика од пред една деценија.

  • Gol.mk на ЕП: Светот ѝ должи една голема титула на фудбалска Холандија!

    Само три репрезентации не ги гледав во живо на ова Европско првенство: Хрватска, Чешка и Романија. Вчера за првпат се соочив со култот на холандската репрезентација и такво нешто не сум видел во животот. Преку 100.000 луѓе во работен ден, во туѓа земја да ја бодрат својата селекција и тоа среде умерени критики за играта под Куман и недостатокот на неколку важни фудбалери заради повреда.

  • Gol.mk на ЕП: „Ла Масија“ остави трага на Европското првенство

    Можеби е во резултатски пад и во последните 5-6 години не е онаа Барса која навикнавме да ја гледаме, но „рудникот“ на таленти наречен „Ла Масија“ продуцира и натаму имиња кои ќе останат врежани во фудбалската историја. И ова Европско првенство тоа најдобро ни го покажува, со стилот на игра на шпанската репрезентација и костурот кој доаѓа од славниот каталонски клуб.

  • Gol.mk на ЕП: Кој ќе го суди неделното финале? УЕФА има едно сигурнo решение

    Судискиот критериум не беше главна тема на ова Европско првенство, но на два натпревари на домашната репрезентација се крена голема „прашина“. Случувањата на осминафиналето Германија – Данска и посебно на четвртфиналето Германија – Шпанија и натаму се коментираат.

  • Gol.mk на ЕП: Десет години не загубиле, има ли јунак кој ќе ги победи Французите?

    Француската фудбалска репрезентација без дилема е најголемата фудбалска сила во 21. век, со две светски титули во последните триесет години, со уште две загубени финалиња на пенали, со европска круна и триумф во Лигата на нации и уште многу други успеси во младинските категории. Влијанието на француските фудбалери во клупскиот фудбал е исто така големо, па во овој период недостига само уште еден голем успех на клупскиот фудбал, пример една европска титула на скапиот ПСЖ.

  • Gol.mk на ЕП: Не се победува само со прогресивен фудбал!

    Сите фудбалски љубители, посебно оние неутралните, сакаат победа со стил, естетски допадлива, полна со добри потези, фантазија и фудбалска „магија“. Но, тоа не е секогаш возможно. Првата споредба меѓу клупскиот и репрезентативниот фудбал не е добар показател. Клубовите секогаш подобро играат од репрезентациите, а и нормално е да е така. Тие се познаваат многу подобро, тренираат секојдневно, играат многу повеќе натпревари и повоиграни се. Да не се заборави податокот дека клубовите немаат ограничувања во купувања фудбалери, а во репрезентациите тоа е невозможно, па некои помали фудбалски нации бираат меѓу помал број фудбалери за членови на националниот тим.

  • Gol.mk на ЕП: Каде се роди оваа шпанска селекција на Де ла Фуенте?

    Се сеќавам на финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година во јуни 2019 година. Бев во живо на тој натпревар во Удине, каде за титулата се бореа Шпанија на Луис де ла Фуенте и Германија на Штефан Кунц. Шпанците славеа на новата „Дачиа Арена“ со 3-0, а актери беа голем дел од истите лица кои синоќа ја елиминираа Германија во четвртфиналето на Европското првенство во Штутгарт.

  • Gol.mk на ЕП: Остана само една дилема, сè уште ќе има полемики за играта со рака

    Уште пред почетокот на Европското првенство, првиот човек на судиската организација на УЕФА, Роберто Росети, објасни дека ова првенство ќе мине без судиски грешки. Ги обелодени и новините, помошта за судиите и силно застана зад својот избор. На една недела до крајот на првенството скоро и да не се зборува за судењето, што е добар сигнал. Исклучок е само осминафиналниот натпревар меѓу Германија и Данска, на кој Данците протестираа за судбината која ги снајде во триесет секунда да прифатат од 1-0 до 0-1.

  • Gol.mk на ЕП: Музеј на фудбалот – круна на секоја фудбалска земја!

    Замислете на едно место во нашата земја да може да се изложат, да се видат детали од нашата децениска фудбалска историја. Не така стара и голема како најголемите фудбалски сили во светот, но за нас скапоцена и незаборавна. Можете ли да претпоставите колку убаво ќе изгледа, колку интерес ќе предизвика еден фудбалски музеј во нашата земја во кој на едно место може да се најдат: дресовите на јунаците од Крањ, „Златната копачка“ на Панчев, трофејот од Лигата на шампионите на Пандев, скудетото на Елмас, Интерконтиненталниот Куп на Најдоски, копачките од првиот официјален гол на репрезентацијата на Стојкоски, митот за Савевски во Грција, како Канатларовски ја делеше соблекувалната со Бебето во Депор, како Давид Бабунски тренираше со Меси...

  • Gol.mk на ЕП: Стратегијата на Монтела која донесе четвртфинале и свежина за полетната Турција

    Се сеќавате како беше критикуван турскиот селектор Винченцо Монтела, кога на вториот натпревар од групата целосно го измени тимот и ги остави Арда Ѓулер и Кенан Јилдиз на клупата за дуелот со Португалија. Двајцата беа одлични во првиот натпреварот против Грузија и победата од 3-1. Сепак, Италијанецот како свесно да го жртвуваше натпреварот против Португалија, за да го има најсилниот тим за Чешка и третиот натпревар во групата.

  • Gol.mk на ЕП: Како со саксофон ја освои цела Германија и стана навивачки водач!

    Натпреварот за најдобрите навивачи на Европското првенство е во тек и е уште понеизвесен во споредба со борбата на фудбалскиот терен. Холанѓаните и Шкотите оставаат неверојатно позитивен впечаток, многубројни се Англичаните, прекрасно навиваа Словенците, секојдневно доаѓаат од соседните земји: Швајцарија, Франција, Белгија, Австрија...

  • Gol.mk на ЕП: Се победува или со игра или со големи шампиони!

    Некогаш големиот Ариго Саки, по завршувањето на тренерската кариера, изјави дека Милан, Атлетико Мадрид, па дури и второлигашот Парма играле поубав фудбал од италијанската репрезентација која играше финале на Светското првенство во САД 1994 година. Впрочем, невозможно е да ги задоволите сите вкусови и да играте и убаво и да победувате и да освојувате трофеи. Посебно е тешко за репрезентација која не тренира и создава механизми како еден клуб, каде работата на тренерот е поинаква од таа на селекторот.

  • Gol.mk на ЕП: Италијанците ја признаа неталентираноста, кој ќе ја плати цената за „кошмарот“ во Германија?

    Европскиот првак на колена и на мала врата излезе од првенството и од денес започна процес на анализирање на грешките и причините за катастрофалното издание. Како е можно актуелен европски првак, фудбалски систем кој доминира во младинските категории низ Европа и светот да изгледа така фудбалски бедно и неорганизирано како Италија на Спалети?