Хокеарите на Металург со пораз по пенал серијата од Славија ги завршија настапите во регионалната БИХЛ лига оваа сезона. Мечот во регуларниот дел заврши 3-3, по третини (1-1, 0-0, 2-2), но по изведување на пеналите клубот од Бугарија славеше со 5-4. Ова беше втор меч викендов за Металург решен по пенали, откако вчера среќата беше на нивна страна во триумфот над Вукови. Воедно ова за клубот од Софија беше реванш за поразот во Суботица, кога на ист начин тогаш Металург славеше.