Македонската хокеј инлајн репрезентација во петтите квалификации за СП, дојде до првата победа, откако во австриски Штеиндорф беше совладана Бугарија со резултат од 11-5 во четвртини со (3-0, 4-3, 3-0, 1-2). Нашите репрезентативци одиграа одличен натпревар, доминирајќи од самиот почеток, па се до финишот на мечот, и на крајот славеа заслужено и повеќе од убедливо.